Пред неколку денови за прв пат во Македонија, поточно во Скопје е формирана организација за правата на жените наречена "Феминиситичка Ослободителна Борба-ФОБ". Историски гледано, оваа организација го доби своето место во македонското општество како резултат на работата на СОЖМ, со почит кон истата. Како основачи на ФОБ во литературата се споменуваат иницијалите А. С, Р. Т. и В. М. Од неодамна доделена е и фукцијата Претседател на ФОБ на една од споменатите иницијали, чие вистинско име е подобро да остане неоткриено поради задржување на приватноста на личноста.
Од последната пресконференција на ФОБ одржана на 4 септември 2007, во кафулето "Custom Pub", нашата репортерка успеа да ги долови најважните поставки на идеологијата на организацијата. Нив ќе ги посочиме подолу во текстот.
Основниот постулат на ФОБ е еднаковст помеѓу мажите и жените, а самите активности на организацијата само ја продлабочуваат и прошируваат оваа идеја.
Една од активностите кои членовите на ФОБ ги извршуваат се модификација на стереотипните работни места специфични за мажи и жени. Кај жените ја подигаат свеста за занимавање со "машки работи", како што се автомеханичарки, таксиситки и возачи на автобуси, инструкторки по скијање, Linux администиратори, Human Resources менаџерки, диџејки, месарки, обезбедување на министерства и кафулиње, како и тапанарки. Кај мажите ја подигаат свеста за занимавање со "женски работи", како што се кувари, хигиеничари, професори по балет, учители во градинка, масажери, фризери и шминкери, бебиситерки, медицински браќа и негуватели, секретари, "Ритам Плус" активности, манекени, како и дилери на Орифлејм или Авон.
Понатаму, ФОБ е претставник на мислењето дека мажите се исто така емотивни како жените, но разликата е во експресијата на моменталната емоционална состојба. Секое понатамошно гледиште со предрасуда на сметка на жените дека тие се поплачливи и почувствителни од мажите треба да се трансформира во потрага по причините за таквата ситуација, а не во зацврстување на тоа размислување кое постои со години поради различното третирање на машките и женските уште во детството. И во машкото постои и женско, и во женското постои машко, анимусот и анимата се неодвоив дел бидејќи да не постоеа тие делови во личноста, никогаш немаше да се разберат луѓето од различен пол.
Ова се само дел од активностите со кои се занимава ФОБ, за новите идеи кои ќе бидат реализирани ќе бидеме во тек и благовремено ќе ја известуваме сајбер публиката.
Апел од Претседателот на ФОБ до сите лица кои сакаат да се приклучат во актуелните проекти со кои се занимава ФОБ, благовремено да го направат тоа бидејќи бројот на вработените и волонтерите се покачува. Повеќе информации ќе добиете наскоро од сајтот на ФОБ кој сеуште не е завршен.
Се надеваме дека овој пост ќе предизика интерес кај публиката или ако ништo друго, минимална промена или размисливање за постулатите на ФОБ.
13 коментари:
Interesen tekst!
Kako se stanuva clen na FOB?
Ех сине сине.
Сине на мајка :)))
:) многу лесно се станува член на ФОБ :) Пријави се кај мене или кај секретарот у штаб горе кај нас:)Ќе треба да дојдеш во Custom Pub за да пополниш една апликација и готово, од нашите си :)
Паааааахахахахахахахааааааааахахахахахааааахахахахахахаххааааааааа!!! :D
Ех сине сине... :)
:) Сине а? А ќерко?
Што да ти кажам ќерко? Кога како син те сакаме :)))
Е сине, сине. Разбираш сега? :)))
епа важи бе,барам 2 волонтерк за да не заменат во недела со татко ми,треба да копаме дупки за канализација дома....ете,ја со татко ми ке миеме садови кај дотичните волонтерки,и ке плачаме..додуше со поинаков момент во експресијата на емоциите !
И имам молба,дали примате и машки во организацијата ?!
Поради одличниот предлог т.е. понуда, го кандидирам Ивуле, ни помалку ни повеќе, за vice-president:)))
Убаво им покажа! :)))
Абе ти Владимир, што е клеветење? Нели беше муабетот еден за сите и сите за еден, а не убаво им покажа? :) Секако дека примаме машки членови во организацијата, без нив не иде :) Ќе се одржи гласање за местото Vice-President на ФОБ следната недела во Custom Pub. :) Го поздравувам вашиот ентузијазам.
Ах сине... :)))
Абе владимир бе,ништо не им покажав јас ?!...само се прилагодувам кон концепцијата приложена од претседателката !..мислам нели, доколку се тежнее кон рамноправност, зошто да нема и машки во организацијата !? , или па..хм..а зошто уствари и машко да не биде председател накрај краева ?!..ако го бива човекот,и ако се бори достојно за горенаведените принципи..?!
кој ден е средбата во кастм на фоб?
:)
Објави коментар