петок, 30 ноември 2007

Дофатливи чувства

Животот е круг кој циркулира, не престанува, никогаш не престанува.


Животот е долг колку што ќе го направиш, колку што ќе се трудиш да го оствариш и прошириш на останатите ликови во таа твоја прикаска.

Го изгубив најпрекрасниот човек во мојот живот, мојата единствена и најголема мотивација да успевам, мојот храбар и борбен дух кој ме туркаше СЕКОГАШ напред, личност која ми внесуваше позитивност и ведрина додека мене ме тишти депресијата во која градот дише, а со него и јас. Но, мојот Генерал со целото свое постоење, зборување, ревносно борење и емпатично и ЖИВО реагирање како за моите чувства и случки, така и за секој кој ќе стапнеше во нејзиниот дом, е зашиена вечно во моето срце.

Мојот Генерал остави рана која никогаш нема да зарасне бидејќи не сакам да зарасне и никогаш нема да помине бидејќи откако мојот Генерал го напушти своето тело, сфатив една работа која вклучува во себе милион чувства кои имаат поврзани корени. Сфатив дека мојот Генерал секогаш ќе живее во мене, нејзините зборови ќе ме следат секогаш каде и да одам и никогаш нема да останам сама. И да останам сама, знам дека таа ќе ме чува, ќе ме гледа и ќе ме кара ако постапувам не многу пожелно.

Ќе продолжам таму каде што застана и мојот Генерал, со нејзината мисија за хуманост, добродушно егзистирање и темпераментна борбеност за оние што ги сака!


Секогаш ќе живееш во моето срце, моја намила бабичке. И секогаш во мене ќе те гледам тебе и ќе се трудам да станам каква што беше и ти.



Те сака твојот Капетан!







недела, 18 ноември 2007

Продолжување

Одиш напред откако некој ќе те изнервира или кога ќе сфатиш дека си испаднал будала. Но, битно одиш напред. Секогаш е така, на почетокот ќе чувствуваш бес пошто си испаднал глуп, после ќе си кажуваш-друго требаше да направам, и после сфаќаш дека некои работи друг пат стварно нема да ги направиш, и стануваш звер од самодоверба :)

Друг пат, размисли што и кој заслужува нешто и колку е тоа возвратено на некој емоционален начин.