Ќе купиш нови фармерки, ќе ишишаш шишки, нова боја на коса. Ќе купиш нови чевли, патики, чанта, марама, капа, долен веш.
Ништо не си сменил/а. Ама баш ништо. Ти така мислиш само, но состојбата на ум е ИСТА, само ќе ја смениш за пар денови и после повторно она што те тишти ќе го живееш.
Сакаш нешто да промениш?
ПОЧНИ ВЕДНАШ!
Не треба да дозволиме да ни се случат тешки ситуации во животот за да сфатиме што имаме, и како мизерно тоа го живееме и пропуштаме.
СЕГА И ОВДЕ! ЖИВЕЈ СЕГА И ОВДЕ! ЖИВОТОТ Е ЕДЕН.
Јас живеам. Јас сакам да живеам. Јас ја вратив мојата насмевка на лице, и ќе се борам да се разлее низ целото лице.
Смеј се кога е тешко бидејќи ќе внесеш позитивност, ќе успееш да го надминеш секој страв, секоја тага, секоја осаменост.
Не си баксуз! Туку УЧИ од твоето искуство! Научи да учиш, да ги протолкуваш знаците околу тебе. Не постојат баксузи, постојат лекции и судбини. Следи ги знаците, не ги игнорирај.
Никогаш не сум се откажала до сега во животот од ништо, но сега сум повеќе од сигурна дека никогаш нема ни да се откажам, туку ќе се борам и ќе се смеам. Нема да дозволам животот да ме прегази. Животот е мој и јас нема да си го уништам.
Моето семејство, куче, маче, глувче, другари, другарки, пријатели, песна, воздух, овошје, планина - се мојот живот.
Кога е најтешко и кога е најлесно, луѓето се тука. И им ги должам насмевките на сите тие кои се покрај мене. 10 прсти за 10 вистински пријатели.
Нема коментари:
Објави коментар