Викаат дека кога ќе почне човекот да размислува за иднината, значи реалноста нешо го гуши. Или едноставно му се случуваат работи со кои неможе да се справи, неможе да ги промени како што можеби тој сака или како што очекувал дека ќе биде.
Проследено со чувство на изгубеност, или наречено lost in space, неволно однесување и не активно превземање на обврски поттикнати од лична мотивираност. Значи, го прави она што другите го иницираат или некој го води.
И што прави? Бега во иднината. Потајно сака да дознае каков живот ќе има после 5 години. Но, всушност бега од она со кое нема доволни сили СЕГА да се соочи.
Нареден стадиум е: гледање на филмови енормно повеќе отколку порано што го правел тоа. Со тоа бега во свет кој сака да го живее, но само го гледа на филм и потсвесно бега повторно во иднина која сака да има.
Грешка.
Треба да застане пред едно огледало и да се насмее (за промена).
Да постави цел пред себе, која ќе го води и ќе ја црпи неговата волја за да ги користи своите потенцијали за да оди напред. Да му стане секојдневие позитивната мисла, луѓето кои секојдневно го опкружуваат да ги чувствува. Да се посвети на својата кариера која ја има заборавено очигледно веќе некое време.
Да ја осети реалноста и да ја почитува.
Сепак, нешто недостасува кое неможе со ништо да се надополни. И тој добро знае што е тоа.
Peace \/.
Нема коментари:
Објави коментар