Хо Хо Хо :)
Сакав да ви посакам од се срце добар почеток на новата година 08, па и Егзит 08 да биде примамлив па со Владе и Данче овој пат заедно да го посетиме :))
Али да продолжам, на сите кои понекогаш залутувате на мојот блог оваа година да ви биде проследена со позитивен тон секој ден, очите и срцето да ви бидат исполнети со љубов, давајте љубов, има многу луѓе кои навистина го сакаат тоа, а не покажуваат. Здравје да сте чувале, помалку цигари, има и непушачи на кои им е битен животот, помалку дроги пошо после некое време ќе сфатите дека слабо памтите и дека за една журка или фестивал здравјето си го уништувате. За расположење ви требаат само филм во глава и пренесете им го на другите, кој сака дека се вози со вас у него, а кој не сака, нека прави друг филм. Ви треба зелен чај за добро утро, за да се смеете повеќе и да ви се отворени очите за подобра концентрација, и секако пиво, или некое коктелче умерено, бидејќи животот е скап за да го трошиме на алкохол само :)
Ц витамини има во помаранџи, мандарини, А витамин за очи и секако чаеви за прочистување на цревцата за да излезете од дома 2 килограми полесни.
Да се сликате и да ми праќате слики бидејќи не сум со вас и немам појма како е расположење во МК.
И секако, журки по ваш избор, тука не се мешам. Имајте добро расположење, овдека ми фалите многу.
Среќа, луѓе. Тоа е битно.
Ве сака Александра Стефановска многу.
1 коментар:
Ех... И јас се надевам оваа година на егзит со добро друштво!:)
Како да добар почеток го новата година те поздравувам со една мак.песна:
...Насмеј се на ветрот што вие
љуби ме и главата горе...
Објави коментар