понеделник, 27 октомври 2008 г.
Недостигаш
Времето одминува,
осаменоста останува.
Светот на дланка,
а срцето под кожа тешко дише.
Промени во мене,
промени во тебе,
промени на чувства,
промени на потреби.
Грешки во реагирање,
грешки во одбирање,
препрека.
Ќе се поправам,
ќе се вратам во нормала,
само се случуваат промени
и тешко ги разбирам,
погрешно ги толкувам
и се фаќам како за сламка во чаша коњак со чоколаден прелив
за нешто што не е толку магично
одколку што е она што го имаме.
Затворам очи и те гледам тебе,
твоите очи, твоите насмевки,
твоето срце во моите солзи.
Никогаш не ме остави,
но, те немам.
Ми недостигаш.
Еден е животот и враќање нема.
Живеам за да те видам и допрам повторно,
но сега сум осамена.
Како пуст лебед на Охридско езеро,
те чекам.
Тебе.
Осамениот лебед без другарче
умира.
понеделник, 21 април 2008 г.
Дојде време на уживање
Конечно и јас решив да го сфатам животот како уживање и почнав да го правам она што го запоставив додека студирав. Сега гледам серии и филмови, конечно ја открив магијата на концентрираноста кога гледа чоек филм или слично.
Сакав да ја споделам со вас мојата актуелна состојба на серии со кои се бафтам по дома.
Гледам "Lost", но како поминува времето сфаќам дека има нешто боље од тоа! И се вика ''Heroes", ако имате време или сте решиле да го живеете скопскиот живот на не праење ништо или трошење пари на мама и тато-heroes ви е права ствар.
И уште нешто кое ме фасцинира е ENTOURAGE, е тоа вреди да се погледне, серија од 4 сезони, која има модерна содржина, познати ликови, Холивудски живот, и секако актер кој мене ме... ух како да кажам? Ме фасцинира со своите актерски способности-Jeremy Piven.
Види фотос.
Бидејќи ги изгледав горенаведените серии, се префрлив на учење на биологија, анатомија, физиологија и слично, со серија која се вика "House".
четврток, 3 јануари 2008 г.
СРЕЌНА НОВА 2008 ГОДИНА, ДРУГАРИЦЕ И ДРУГОВИ :)
Хо Хо Хо :)
Сакав да ви посакам од се срце добар почеток на новата година 08, па и Егзит 08 да биде примамлив па со Владе и Данче овој пат заедно да го посетиме :))
Али да продолжам, на сите кои понекогаш залутувате на мојот блог оваа година да ви биде проследена со позитивен тон секој ден, очите и срцето да ви бидат исполнети со љубов, давајте љубов, има многу луѓе кои навистина го сакаат тоа, а не покажуваат. Здравје да сте чувале, помалку цигари, има и непушачи на кои им е битен животот, помалку дроги пошо после некое време ќе сфатите дека слабо памтите и дека за една журка или фестивал здравјето си го уништувате. За расположење ви требаат само филм во глава и пренесете им го на другите, кој сака дека се вози со вас у него, а кој не сака, нека прави друг филм. Ви треба зелен чај за добро утро, за да се смеете повеќе и да ви се отворени очите за подобра концентрација, и секако пиво, или некое коктелче умерено, бидејќи животот е скап за да го трошиме на алкохол само :)
Ц витамини има во помаранџи, мандарини, А витамин за очи и секако чаеви за прочистување на цревцата за да излезете од дома 2 килограми полесни.
Да се сликате и да ми праќате слики бидејќи не сум со вас и немам појма како е расположење во МК.
И секако, журки по ваш избор, тука не се мешам. Имајте добро расположење, овдека ми фалите многу.
Среќа, луѓе. Тоа е битно.
Ве сака Александра Стефановска многу.
Претплати се на:
Објави (Atom)