понеделник, 14 февруари 2011 г.

За сите ониe љубители на кучиња, а јас сум една од нив


1. Мојот живот трае 10-15 години. Секогаш кога ке се разделам од тебе, јас страдам. Размисли за тоа пред да ме земеш.

2. Сакај ме таков каков што сум, зошто ти ме одбра, јас немав можност да одбирам. Прво пријател, па потоа господар.

3. Дај ми време да разберам што бараш од мене.

4. Имај доверба во мене. Мојот живот зависи од тоа.

5. Немој никогаш да ми се лутиш и да ме затвораш. Ти имаш пријатели, работа , забава, а јас те имам само тебе.

6. Понекогаш разговарај со мене. Иако не ги разбирам твоите зборови, го препознавам твојот глас кога ми се обраќаш.

7. Како и да постапуваш со мене, знај дека јас тоа не го заборавам.

8. Размисли пред да ме удриш. Моите вилици се јаки, но несакам да ги испробувам на тебе.

9. Не ме земај како играчка со која ке си играш додека е мала, а подоцна ке ја фрлиш. Мојата лјубов спрема тебе е вечна.

10. Пред да ме искараш зашто сум мрзелив или тврдоглав, размисли. Можеби ме мачи несоодветна храна, можеби предолго сум бил на сонце, можеби сум уморен. Преиспитај се себе! Можеби и ти грешиш, а јас не разбирам што бараш од мене.

11. Грижи се за мене и кога ке остарам, оглувам, ослепам, кога забите ке ми паднат и кога ке бидам неподвижен. И за тебе некој ке се грижи. Староста е иста за сите.

12. Испрати ме на мојот последен пат. Немој да речеш: не можам тоа да го поднесам или тоа нека се случи кога јас не сум присутен. Со тебе се е многу полесно, тоа ти е долг за верноста, за нашата убава младост.