понеделник, 27 октомври 2008 г.
Недостигаш
Времето одминува,
осаменоста останува.
Светот на дланка,
а срцето под кожа тешко дише.
Промени во мене,
промени во тебе,
промени на чувства,
промени на потреби.
Грешки во реагирање,
грешки во одбирање,
препрека.
Ќе се поправам,
ќе се вратам во нормала,
само се случуваат промени
и тешко ги разбирам,
погрешно ги толкувам
и се фаќам како за сламка во чаша коњак со чоколаден прелив
за нешто што не е толку магично
одколку што е она што го имаме.
Затворам очи и те гледам тебе,
твоите очи, твоите насмевки,
твоето срце во моите солзи.
Никогаш не ме остави,
но, те немам.
Ми недостигаш.
Еден е животот и враќање нема.
Живеам за да те видам и допрам повторно,
но сега сум осамена.
Како пуст лебед на Охридско езеро,
те чекам.
Тебе.
Осамениот лебед без другарче
умира.
Претплати се на:
Објави (Atom)