недела, 30 декември 2007 г.

Адаптирањето не е едноставна состојба

Она што го научив кога одев на факултет е дека човекот не е лесно да се приспособи на нова средина, прв училишен ден, прв ден на факултет, прв ден откако ќе дипломира и ќе сфати дека за него во овој свет НЕ ГО ЧЕКА РАБОТА, првиот месец откако ќе ти замине најмилата личност во овој единствен свет и првите недели откако сфаќаш дека си на друго место на планетата и си осамен во коске!

петок, 7 декември 2007 г.

Остала си увјек иста...

Ми недостигаш.
Сега реално го сфатив твоето отсутво и сфатив колку изгубив со тоа што те немам и ме остави.

Не сум бесна, не сум лута, само сум осамена, празна и САМА. Мислам дека прв пат до сега сфатив дека сум сама, без нејзината насмевка, поддршка, успешно туркање напред и без нејзината љубов.

Неможам да напишам реченица, неможам да објаснам колку ми се чувствата во некоја стота димензија која ме влече на страна, пак да сме сами, да се смееме, да ми ведрином почне дан.
Тој дел од мене секогаш ќе остане празен, нема веќе на нашиот начин да ти кажувам дека сум среќна, дека денес некој ми направил изненадување. Ништо нема НИКОГАШ ВЕЌЕ да биде исто во моето срце. :(