вторник, 21 август 2007 г.

Чувства во категории

ПРИЈАТНИ ЧУВСТВА

Отвореност,
Среќа, Живост, Љубов, Сила, Позитивност, Заинтересираност.


НЕПРИЈАТНИ ЧУВСТВА

Лутина, Kонфузност, Беспомошност, Депресивност, Страв, Индиферентност, Тага, Болка.

петок, 17 август 2007 г.

Нова сукњичка


Имам нова сукња! Ова е втората сукња која постои во мојот живот, ама каква што јас ја сакам, а не каква што ми купувала мајка ми во 4 одделение. Таа и беше сукња-панталони, не беше ни сукња. Откако почнав да ја носам носам новата сукња, живтотот ми се закомплицира. Неможам да се симнувам од автобус со трчање бидејќи вчера, кога сe симнував и на последната скала скокам и сукњата со мене! И упс! Застанав да видам дали нешто останало во воздух.
Не е само тоа, туку и седењето во автобус и на клупа е ограничено, ништо не е како порано пред да ја купам сукњата. Сега гледам како им е на девојчињатае кои регулар носат сукњи и остали недовршени делови од облеката. Потребна е навика, а луѓето не се ригидни за да носат само добропознати работи на себе, туку треба да се експериментира. Јас го правам тоа, а вие? ->ова изгледа како реклама :))))

четврток, 16 август 2007 г.

Нов член

Конечно и јас блог, нов. Доста беше само од тоа stumble-то, myspace-ови и глупости остали. Дај нешто посериозно као :))))

Како и да е, за почеток да кажам дека БАРАМ РАБОТА!!! Како психолог. Дипломирав и еве, на никој не му е гајле за иднината на психолозите, освен на мајка ми, која кутрата упорно прашува секаде каде ќе стигне дали им требаат психолози.

Ај да видам како ќе изгледа напишаното на мојот блог. :)