недела, 4 октомври 2009 г.

Европа

Хелоу.

Малце харав низ Европа втората половина од Септември, и се вратив утринава од она што се нарекува визна либерализација или поедноставно-нема пасошка контрола кога се шуњаш по Шенген државички.

Она што можам да го заклучам во споредба со Македонија...
Ја сакам МКД, таа е мојата земја и мојот дом. Но, пати сиротката. Пати од затвореноста во која дише и од која неможе да се фати за јаже со цел да се спаси.
Ех, да можеше после секоја посета во некоја од европските држави нашите министри и претседатели-да дадат предлог за подобрување на некој аспект од секојдневното живеење на човекот, ќе беше супер. Мотивирано ќе се гледаше на нив како субјекти кои не ја носат нивната титула едниствено како восочни фигури и иљадарчиња по џебови.

Се возев со велоспиед низ Амстердам и се почуствував ко госпоѓица бе, поштована. Коли ми застануваа, не дека бев со момакот кој е познат фраер у Брно. Туку бидејќи бевме у лента која имаше предност пред колите. И таму не те газат ако им возиш пред кола, туку имаат почит кон превозното средство кое го возиш.

Што фали во МКД?

Фали оптимизам и опуштеност во лицата кај луѓето, особено младите луѓе. Развиток и можност за стекнување на нови култури и проширување на културната позадина која ја носат во себе.
Како тоа е стекнува?
Секако не со прошета низ Драчево или Кочани. (Иако и тоа е восприемање на поинаков вид култура), туку со можност да видат како луѓето живеат во другите градови, да украдат навика дека е поубаво во сендвичот да се става Olive Oil, или дека велосипедот може навистина да го зголеми адреналинот, а со тоа и поголема физичка активност и помалку целулит.

Бев среќна, навистина минативе 15 денови во Септември. Собрав сила и ми се врати надежта дека може и за нас младите луѓе да биде подобро и посреќно.

Незнам дали љубовта ми помогна за оваа надеж, или едноставно се убава е промената.
Но, промената беше со еден тип кој го чекав толку време. И не се покајав за ниту еден миг.


Peace \/

1 коментар:

Иван Литовски рече...

Ни фали почеток од нула, а не да се препираме за историски настани шо и како биле...

Она што сме сега и она што го чувствуваме сега зависи од она што сме го правеле момент пред тоа.

Затоа Македонија стои вместо се препираме за минатото, наместо да се размислува за иднината :/